Каде Путин ќе распореди бродови со ракети?
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека руските воени бродови, вооружени со ракети „калибар”, ќе бидат трајно на должност во Средоземното море.
Ваква мерка презема за да можат за да се спротистават на „терористичката закана во Сирија”.
Ројтерс наведува дека со испраќањето бродови, Русија го зголемува своето воено присуство на Блискиот Исток, вртејќи го текот на граѓанската војна во корист на својот близок сојузник, сирискиот претседател Башар ал Асад.
Путин нагласи дека за оваа година се планирани преку 100 различни поморски експедиции кои ќе бидат составени од површински бродови и подморници.
„Особено можам да го истакнам високиот степен на прикажаната увежбаност и координацијата која ја остварија нашите поморски екипажи на површинските бродови и подморници при активните борбени дејствија во Сирија“, рече Путин.
Русија засега има поморска база во Тартус, на брегот на Сирија и воздухопловна база во Хмејмин.