14 Мај, 2024
0.0253

ЈП Водовод и Канализација – Скопје официјално ја превзеде пречистителната станица за отпадни води во Волково

Објавено во: Мои пари 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber


ЈП Водовод и Канализација – Скопје официјално ја превзеде пречистителната станица за отпадни води во Волково, општина Ѓорче Петров

ЈП Водовод и Канализација – Скопје, во знак на одбележување на Светската Недела на Водата, (24.08-30.08.2019) го објавува превземањето на пречистителната станица за отпадни води во Волково, општина Ѓорче Петров.

Министерството за животна средина и просторно планирање, со финансиска помош од Буџетот на Република Северна Македонија, Град Скопје, општина Ѓорче Петров и ЈП Водовод и Канализација – Скопје како и билатерална соработка со Владата на Република Словенија, заврши со имплементација на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во населеното место Волково, општина Ѓорче Петров.

По завршувањето на изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Волково, чијшто нарачател на изработката на проектната документација и изградбата на пречистителната станица е Министерството за животна средина и просторно планирање и по завршувањето на работите од страна на изведувачот РИКО доо Љубљана и извршениот технички прием на објектот согласно Извештајот за реализиран технички прием, Министерството за животна средина и просторно планирање и изведувачот РИКО доо Љубљана потпишаа Протокол за примопредавање на пречистителната станица за отпадни води и Новопроектираната улица 2 до пречистителната станица во Волково со ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Со потпишување на овој Протокол, управувањето со објектот е во надлежност на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Имајќи го предвид зголеменото индустриско производство, земјоделско производство и домашната потрошувачка, како и зголемениот број на населениешто доведува до зголемена употреба на водните ресурсии создавање на огромни количества на отпадни води, кои ја уништуваат животната средина, потпишувањето на Протоколот за управување со оваа станица и пречистувањето на отпадните водие самоедна од мерките за заштита на животната средина кои ги превзема ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

ПСОВ - Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. Предвидена е за 19 500 еквивалент жители. Најголем придонес од проектот ПСОВ - Волково е заштитувањето на подземните води и на водите што се користат како резервен водоснабдителен систем за градот Скопје.( бунарското подрачје Нерези-Лепенец)

За пречистување на отпадната вода се применува современа SBR технологија. Процесот на прочистување е целосно автоматизиран и истиот може во целост да се следи преку комјутерски SCADA.  Контролата на процесот на работа на Пречистителната станица за отпадни води во Волково се врши преку интерна лабораторија опремена за таа намена. Се прават дневни анализи на влезната и излезната вода,  и други анализи кои се потребни за контрола на процесот на прочистување.Ефлуентот од ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачја.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН