26 Април, 2024
0.0281

Јавен повик за финансирање преку Програмата ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска е објавен нов повик за доставување барања за користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Огласот ќе трае до 23 јуни 2017 година.

Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 може да се преземат на веб-страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, или лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата  2014-2020 се наменети за: инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Заинтересираните земјоделски производители може да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади