ЈА КРОЕШЕ ДРЖАВНАТА КАСА: Тевдовски избран за редовен професор на УКИМ
Објавено во: Економија 06 Мај, 2020
Eкс министерот за финансии Драган Тевдовски, е избран за редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Тој денеска веста ја сподели на Фејсбук.
„Во 2002 година, кога започнав да работам како помлад асистент на Економскиот факултет во Скопје, последното наставно звање – редовен професор ми изгледаше толку далечно, но сите овие години го обожавав секој ден поминат со студентите и колегите на Факултетот. Посебна благодарност до студентите кои секогаш доаѓаа во голем број на моите предавања и ми даваа огромна енергија“, напиша Тевдовски.
Со владината реконструкција лани Драган Тевдовски замина од позицијата министер за финансии.
Тевдовски беше жесток критичар на финансиската политика на ВМРО ДПМНЕ.