19 Декември, 2025
0.0756

ИТД Дистрибуција им подари Dell лаптопи на дечињата од домот 11 Октомври

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2017 10:18

Добивај вести на Viber

Вчера (29.03.2017) директорот на ИТД Дистрибуција, Ајри Шеј, беше во посета на домот за деца без родители 11 Октомври, каде што на дечињата им подари Dell лаптопи и донираше финансиски средства со кои се бојадиса централната просторија за дружење во домот во која децата поминуваат голем дел од денот.

Со оваа донација, како што рече генералниот директор, се обидуваме на дечињата во домот да им ја приближиме ИТ технологијата, да се запознаат подобро со неа, да ја засакаат и во иднина можеби и да се одлучат да градат кариера токму во оваа област.  Лаптопите без сомневање ќе им помогнат многу и во совладувањето на секојдневните домашни задачи кои ги добиваат на училиште.

ИТД Дистрибуција е еден од најголемите дистрибутери на македонскиот пазар за ИТ опрема. Како компанија која активно работи 10 години на пазарот на технологиите смета дека технологиите треба да се достапни до сите, особено до ранливите групи. ИТД Дистрибуција во донацијата вклучи и дел од вработените кои заедно со дечињата за прв пат ги вклучија лаптопите и ги воведоа во основните функции.

“Неописливо е чувството на среќа и исполнетост која ја чувствувам во моментов гледајќи ја возбудата и среќата во очите на овие дечиња. Навистина е убаво чувството да се подарува, а посебно на деца. Сите знаеме дека ИТ опремата во денешно време е неопходна и искрено се надевам дека со оваа ќе го подобриме и разубавиме секојдневието на овие прекрасни дечиња” додаде Шеј.

Во знак на благодарност директорката на домот, воспитачките и дечињата подготвија  забавна програма во која главни учесници беа токму децата.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка