26 Април, 2024
0.0291

ИМАЈТЕ НА УМ, АКО БАРАТЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Каде во земјите од ЕУ има највисока минимална плата?

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската статистичка служба Евростат направи споредба за минималната плата меѓу сите земји во Европската унија.

Во соседна Бугарија од јануари 2017 година просечната плата е зголемена од 420 на 460 денари, или 235 евра.

Пред нив е Романија со 280 евра минимална плата.

Погледнете кои се 10-те земји со највисока минимална плата во ЕУ за 2017 г .

10. Малта - 736 евра

Со население од 452 илјади лица, економијата на Малта се развива доста успешно, предвидуваат економистите. За тоа зборува и фактот дека во периодот од 2008-2017 година минималната плата е зголемувана неколку пати, со вкупно 19%. Така, во 2017 година таа е 736 евра.

9. Словенија - 805 евра

Од земјите во Централна и Источна Европа, Словенија е единствената држава која успева да влезе во првите десет во големина на минималната плата. Работодавачите таму се обврзани да плаќаат минимум 805 евра месечно. Од 2008 година досега растот е со близу 50%. Овој показател, плус други фактори како што се здравството, цените на куќите, едукација и политичка слобода, го прават животот во Словенија еден од најквалитетните во Европа.

8. Шпанија - 826 евра

Во Шпанија, минималната плата во 2017 година е во износ од 826 евра. За споредба, во 2015 година минималната плата беше 648 или 21 евра на ден. Во сончева Шпанија се работи по 40 часа неделно.

7. Британија - 1397 евра

Во 2017 година минималната плата во Велика Британија е 1397 евра. Сосема не на шега, од 1 април 2016 година британските компании беа обврзани да го зголемат минималниот час до 7,25 фунти на час на сите вработени, кои се над 25 години. Се претпоставува дека од зголемувањето искористиле над 2,5 милиони Британци.

6. Франција - 1480 евра

Со 35-часовна работна недела и 30 дена одмор годишно, минималната плата, која може да ја добие човек во Франција во 2017 година, е 1480 евра. Евростат наведува дека зголемувањето од 2008 година досега е за16% проценти.

5. Германија - 1490 евра

Германија воведе за првпат минимална плата во 2015 година. Тогаш беше одредена цврста минимална стапка во висина од 8,50 евра на час, а во 2017 година часовната плата беше зајакната со 34%. Така, од почетокот на годината, месечната минимална награда во Германија е 1490 евра.

4. Белгија - 1532 евра

Белгија е исто така една од земјите кои спаѓаат во третата категорија на Еуростат - оние со минимална плата над 1000 евра. Во европската држава минималната плата е 1532 евра, додека во 2008 година била 1310 евра. Растот е со 17 отсто.

3. Холандија - 1552 евра

За 9 години холандската минимална плата е зголемена за 16 отсто и така во 2017 година работниците на најниска регулирана награда добиваат 1552 евра месечно.

2. Ирска - 1563 евра

Ирците кои работат на минимална плата, не би требало да се жалат на платата, бидејќи таа е втората највисока во земјите од ЕУ - 1563 евра. Зголемувањето од 2008 година е со 101 евра, предвиде статистиката.

1. Луксембург - 1999 евра

Позната како „малата Швајцарија“ Луксембург ги поддржува највисоките нивоа на минимална плата меѓу земјите од Европската унија. Во 2017 година таа е речиси 2.000 евра, што ја измести земјата на челната позиција во рангирањето. Во споредба со 2008 година, минималната плата во Луксембург бележи раст од околу 30%.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката