26 Април, 2024
0.0265

ИМА МИЛИЈАРДИ А ЖИВЕЕ НОРМАЛЕН ЖИВОТ: Вака изгледа еден обичен ден на основачот на Фејсбук

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Марк Цукерберг е доста зафатен човек - управува со компанија за 433 милијарди долари. Сепак успева да најде време и за спорт, патувања и најмногу за семејството. Еве како поминува еден типичен ден на основачот на Facebook.

Цукерберг станува секое утро во 8 часот. Неговата прва работа е да ги провери Messinger пораките. Три пати неделно тренира, а понекогаш го зема со себе и своето куче Бисти. Тврди дека не сака да губи време за мали одлуки и затоа не размислува многу-многу што да се јаде за појадок - едноставно го зграпчува она што го има дома.

Всушност тоа е и причината Марк да носи униформиран изглед секој ден - сива маица и фармерки. Така се поштедува и себе а и сопругата со прашувања што да облече.

Милијардерот работи меѓу 50 и 60 часа неделно. „Посветен сум на тоа да контактирам со светот и да и служам на нашата заедница. Голем дел од мојата работа поминува не во канцеларија, туку во средби со луѓето надвор“, изјавил пред време тој пред CNN.

Во малото слободно време Цукерберг сака да чита и да патува. Секоја година си поставува различни предизвици и во 2017 година сака да ги посети сите Американски Држави. За време на неговите авантури често е придружуван од неговата сопруга Присила.

Двајцата имаат една ќерка - Макс, а сега го очекуваат и второто дете. Без разлика колку е зафатен во текот на денот, Цукерберг секогаш се прибира навреме, за да се дружи со Макс.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти