16 Мај, 2024
0.0268

ИКТ Комората МАСИТ оствари работна средба со претседателот Пендаровски

Објавено во: Мои пари 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска (20.08.2019 година) Стопанската комора за информатички и компјутерски технологии – МАСИТ оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На средбата учествуваа претседателката на Управниот одбор на МАСИТ -  Анета Антова Пешева, компании членки на УО, како и членки на Комората.

При отворањето на средбата, претседателката на Управниот одбор на МАСИТ - Анета Антова Пешева ја истакна важноста што претседателот ја препознава оваа индустрија како носечка и приоритетна за македонската економија, при тоа посочувајќи ги растот и придонесот на ИКТ секторот во вкупниот економски учинок во државата, како и огромниот потенцијал за уште поголем раст во следниот период.  

,,ИКТ индустријата како една од водечките и најбрзо растечки гранки во државата треба да е во фокусот на националната економска и општествена политика. Во моментов таа е р’бет на македонското стопанство и токму преку оваа гранка може да се стопира миграцијата на висококфалификуваната работна сила. Тоа пак, од друга страна позитивно ќе стимулира и други индустрии”– нагласи Пешева во своето обраќање пред претседателот.

Претседателот Пендаровски истакна дека соработката со, и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече „дигитализацијата го движи светот во друга насока и ние мора да се прилагодиме, односно да фатиме чекор“.

„Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, потенцираше Претседателот Пендаровски.

Во разговорите на работната средба на која активно земаа збор членките на МАСИТ, страните ги истакнаа своите заложби за стратешко помагање, промовирање и водење на ИКТ индустријата, унапредување на бизнис климата за ИКТ компаниите во државата, потенцирајќи ја важноста на унапредувањето на даночната политика, унапредување нависокото образование од техничките науки, стимулирањето на понатамошен развој, како и промовирање на ИКТ индустријата надвор од државата.

На средбата се заклучи дека е потребно креирање на правна и економска рамка за забрзан раст на ИКТ индустријата, а преку тоа и мерка за задржување на младите во земјава.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“