28 Април, 2024
0.0241

Игор Џамбазов и Дани Димитровска ќе пеат за Фит Кидс

Објавено во: Стил 05 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Невладината организација ХЕСЕД во соработка со Центар за боречки спортови – Работнички Адора најавува голем добротворен настан под мотото „Пееме за Фит Кидс“ кој ќе се одржи на 18 ноември во Equilibrium Day & Night со почеток во 20 часот. Ќе настапат звучни имиња од естрадата, како Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Адриан Азири, Марија Новак и План Г Бенд. Влезниците се веќе во продажба, а сите собрани средства ќе бидат искористени за реализација на проектот „РЕКРЕАТИВНА ГИМНАСТИКА И ФИЗИЧКИ РАЗВОЈ ЗА ДЕЦАТА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК“.

Пејачи и актери ја поддржаа хуманата иницијатива на ХЕСЕД во чиј фокус се децата во социјален ризик. Целта на овој проект е да се овозможи децата во социјален ризик да се вклучат во еден организиран воспитно-образовен и тренажен процес, со цел да се подобрат нивните психо – физички перформанси и способности, за пред сѐ да имаме здрави личности кои ќе бидат иднина на нашето општество. Иновативен спорт кој ќе придонесе можност за инклузија со деца од биолошки семејства. Спортувајќи, децата во социјален ризик ќе се социјализираат, а со тоа ќе развиваат позитивни особини како дружење, меѓусебно почитување, толеранција, соживот, упорност, трудољубивост, пожртвуваност, дисциплинираност и слично, што во крајна линија се придобивки кои воопшто спортот може да ги искалеми уште од најрана возраст кај децата.

ХЕСЕД и Работнички Адора повикуваат на хуманост, заедништво и отворени срца. Влезниците за настанот се веќе во продажба и може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/event/fit-kids/ или во продажните места од нивната мрежа, како и директно во просториите на Работнички Адора, Еквилибриум во Аеродром, или дирекно во контакт со лице од Хесед на тел.: 070881192

Заеднички да станеме општествено одговорни и да уживаме во хуманоста.

„Бараме поддршка од сите кои имате хумано срце и сакате добра забава со градски грув низ блузот на Игор, Рок експлозија со многу љубов од Дани, комично реалната претстава на Адриан која не смеете да ја пропуштите, настапот и водството на Марија кое топли срца и секако забавата која ја спремаат План ГБенд во екс ју рок издание. Настан од сите нас за децата во социјален ризик. Биди и ти инволвиран во оваа забава“, повикуваaт Марина Христова, претседател на Организацијата Хесед иБлагој Марковски, председател на спортски центар КБК „Работнички Адора“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти