21 Мај, 2024
0.0294

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

Објавено во: Македонија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски бара целото раководство на СДСМ да поднесе оставки. Toj упати порака до членовите на партијата. 

„Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата поранешна политичка партија како ве држи во заложништво и како сте гневни на сите нив, а молчите. Гневен сум и јас. Сметам дека е етички исправно да направам обид заедно да ги спасиме асномските и крушевските леви вредности и принципи“, вели лидерот на ЗНАМ.

Изминатите денови кажа дека слушал различни пораки од двата табора. 

„Едните велат дека Движењето ЗНАМ било создадено по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, за да го ослаби СДСМ. Наводно, дека гласот даден за ЗНАМ е глас даден за ВМРО-ДПМНЕ. Другиот табор вели дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е веќе договорена работа и дека очекуваат став од ЗНАМ во врска во вториот круг на претседателските избори“, кажа Димитриевски. 

Вели дека официјален став на ЗНАМ е дека врвен државен приоритет на овие избори е да се избере претседател на Македонија, со цел да се оневозможи институционална блокада и политичка криза во земјата. Ги повика граѓаните на 8-ми мај да гласаат. 

Димитриевски упати порака и до ВМРО-ДПМНЕ дека се согласува со нивните програмски определби дека не прифаќаат уставни измени под бугарски диктат и не прифаќаат соработка со ДУИ.

„Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер Зоран Заев преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други за обезбедување на двотретинско мнозинство во новиот собраниски услов, со што се имплицира дека селективна правда ќе има во наредната влада“, рече Димитриевски.

Според него, тоа се условите на ЗНАМ за почеток на разговорите за евентуална соработка со едните и другите.

Димитриевски рече дека згрешил со неговата поддршка која му ја дал на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Јован Деспотовски од СДСМ во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека гласовите за кандидатот за претседател Максим Димитревски биле од разочарани членови на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат