15 Мај, 2024
0.0974

И деца ќе учествуваат на Трчај бе во Битола на 15-ти Септември

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Немој да трчаш, ќе се испотиш!Застани, ќе паднеш, доста со трчање наоколу!
Не трчајте низ ходниците во училиште!



Ова се само дел од речениците кои толку често им се упатуваат на децата од најрана возраст. Тогаш не треба да не чуди податокот што децата денес, не можат да трчаат брзо како што можеле нивните родители кога биле млади и ова се резултати на една глобална студија. Денешните деца ја претставуваат генерацијата која најмногу седи, во историјата на човештвото. Истражувачите ги анализирале податоците од последните 46 години, вклучувајќи 25 милиони деца од 28 земји. Просечно дете денес може да претрча 1,5 километри 90 секунди побавно од неговите претци, пред 30 години. Секоја деценија, децата биле побавни за 5 отсто на возраст од 9 до 17 години.



Ние со градската трка Трчај бе, ја мотивираме и акцијата што повеќе деца да дојдат да трчаат. Помалите во придружба на повозрасните, а тинејџерите да го заменат седењето со телефоните в рака или пред компјутерите и телевизорите со трчање. Убедени сме дека ќе успееме.



За крај една супер вест која доаѓа од Канада и можеби ќе го промени концептот на размислување во нашите училишта: 
„Нема трчање по ходници!“, тоа го слушаат сите деца уште првиот ден на училиште. Меѓутоа, учениците во едно канадско училиште веќе не мора да се потресуваат за секој свој чекор.



Имено, во училиштето „Панорама хилс“ во Калгари децата се поттикнуваат да скокаат, да се растрчуваат и да танцуваат низ ходниците. За таа цел, управата поставила и посебни подни плочки во разни дезени. За оваа сторија деновиве ќе објавиме и посебен пост.

Пријавете се и трчајте со своите деца, со децата на своите роднини или пријатели, со комшиските деца... со децата кои сакате да бидат здрави и среќни.



Линк за пријава
https://smartrace.club/

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија