03 Мај, 2024
0.0358

„Халкбанк“ и годинава го одбележува партнерството со иницијативата „Прајслес планет“ на „Мастеркард“ за подобра животна средина

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

„Халкбанк“ АД Скопје и годинава го одбележува партнерството со глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“ (Priceless Planet). Целта на оваа голема иницијатива е преку широка коалиција да обедини многу бизниси и потрошувачи од целиот свет за засадување на 100 милиони дрвја, но и да и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. „Халкбанк“ е првата банка од регионот која се вклучи во оваа голема коалиција пред четири години.

„Нашата ангажираност кон општествената одговорност и одржливост на животната средина е вградена во срцето на ‘Халкбанк’. Горди сме што сме дел од големата иницијатива ‘Прајслес планет’ на ‘Мастеркард’, која има за цел да обедини бизниси и граѓани во заедничка борба за заштита на нашата планета. Нашата цел е да придонесеме за подигнување на свеста за значењето на нашата планета и како да дејствуваме за заедничко добро, водени од премисата дека секој мал чекор има големо значење. Веруваме дека единствениот пат за напредок кон позитивни промени е заедничкиот ангажман за подигнување на свеста за зачувување на нашата планета.“ изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје

Под слоганот „Направи простор за дишење“, Халкбанк АД Скопје најавува двеработилници по повод Светскиот ден на планетата земја, кои ќе се одржат на 21 април, во Градскиот парк во близина на летната сцена „Лепеза“.

Со фокус кон македонското сонце и плодната почва, инспирирани од повторното раѓање на нов зелен живот на планетата, од банката најавуваат работилница за садење растенија и нивно одгледување и употреба.

„Работилниците претставуваат уникатна можност да се поврземе со животната средина и да учиме хортикултурни практики со кои можеме да го подобриме и да го продолжиме животот на нашата планета“, велат од Халкбанк.

Работилницата за изработка и рециклирање саксии се организира со цел дизајнирање саксии кои ќе ги разубават домовите и дворовите преку нивна реупотреба.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, Халкбанк планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Коалицијата „Прајслес планет“ е формирана во јануари 2020 годин,а како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди што ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите низ целиот свет за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години. Во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн интернешнел“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година