20 Мај, 2024
0.0276

Интервју со Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка

Хаџидинев: Перпетуалната обврзница ќе им донесе принос на сите акционери на УНИБанка

Објавено во: Економија, Интервјуа 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Малите акционери нема да бидат оштетени, напротив, овој вид на инструмент е и во нивна полза, бидејќи овозможува докапитализација на банката, раст на кредитите и добивката, вели во интервју за Фактор Владислав Хаџидинев, Извршниот и Главен директор за финансии на УНИбанка. Вели дека растот на добивката е клучен за раст на вредноста на банката. Банката предложи да издаде таканаречена перпетуална обврзница во вкупна вредност од пет милиони евра по пат на приватна понуда , со годишна камата од 9 отсто во првите пет години. Хаџидинев вели дека обврзниците ќе можат да ги купат и домашни и странски инвеститори, а после тие ќе котираат на берзата па ќе бидат достапни и за повеќе вложувачи. УНИбанка има значаен раст годинава, а парите од овој капитален инструмент повторно ќе се користат за зголемување на кредитниот раст.

„Во нашата стратегија за 2019 година планираме да издадеме хибриден капитален инструмент, познат и како перпетуална обврзница, со цел да го зголеми основниот капитал на УНИБанка. Тоа ќе биде еден од првите финансиски инструменти од овој вид на македонскиот финансиски пазар. Тоа е капитален инструмент, кој ги обединува карактеристиките на обичните акции и на облигационен инструмент. Истиот е добро познат во меѓународната практика и е предвиден и во македонското законодавство. Инструментот е предвидено да се издаде преку приватна понуда, со учество на македонски и странски инвеститори. По издавањето, инструментот ќе се тргува на Македонската берза за хартии од вредност. Тој ќе и помогне на УНИБанка да ги зголеми своите капитални буфери, што ќе дозволи на банката да продолжи да расте и да го зголемува својот пазарен удел и добивката. Тоа ќе биде од директна корист за сите акционери на банката, вклучително и малцинските, така што ќе овозможи подобрување на профитабилноста и зголемување на цената на акциите.

Зошто се оди со приватна понуда која е ограничена на само 20 инвеститори?

 Емисијата на ваков инструмент, по пат на приватна понуда е поедноставна за реализација и адекватна за целите и обемот на трансакцијата. При иницијалната понуда ќе има до 20 учесници, но веднаш по можноста  да се тргува на Македонската берза, сосем слободно секој инвеститор ќе може да го купи, односно бројката на инвеститори ќе се зголеми многу над 20.

Зошто наместо со обврзница не одите со нова емисија акции. Во тој случај банката ќе нема обврска да плаќа камата од 9 отсто годишно.

Решивме да се обидеме со овој инструмент затоа што тој ги комбинира карактеристиките и на обичните акции и на обврзниците. Цената на капиталните инструменти, генерално е повисока во однос на другите извори на средства, како класични обврзници или депозити, кои не го зголемуваат капиталот.

Дали и Прва Инвестициона Банка АД имаат таков инструмент и какво е искуството?

 Искуството е многу позитивно. Тие имаат направено повеќе успешни емисии и тој тип инструменти се сосем стандардни. Повеќето светски банки -постојано издаваат таков тип капитални инструменти и генерално нивните каматите се повисоки од цената на другите инструменти, кои не се користат за докапитализација. -

Дали досега имавте реакција од мали акционери во банката за предлогот каматата на обврзницата да се исплаќа од добивката на банката што директно значи помали дивиденди за нив?

Како што погоре истакнав, од издавањето на ваков инструмент имаат директна полза сите акционери на банката, вклучително и помалите,  кои имаат целосна слобода да инвестираат во истиот. Зголемувањето на капиталот ќе овозможи раст на активата и добивката.


Финансиските извештаи за првите девет месеци покажуваат силен, дури и агресивен раст, на кредитните пласмани. Во споредба со крај на 2017 година на крај на септември нивото на кредитни пласмани е повисоко за 3 милијарди денари.

Во актуелната позитивна пазарна средина, УНИБанка е на пат да го постигне најдинамичниот пораст во својата 25 годишна историја. Активата ни пораснасогодишна динамика одскоро 31 процент и е близу 320 милиони евра. Го зголемивме пазарното учество на банката во однос на бруто кредитите, од 3,7 проценти на крај на 2017 година, на 4,5 отсто во август 2018 година. Банката учествуваше со над 20 проценти во остварениот раст на кредитирање во секторот домаќинства на ниво на банкарскиот систем и скоро со 68 отсто во растот во групата на средни банки. Профитот на банката неколку години по ред се задржува над средното ниво на пазарот. Мислам дека УНИБанка успешно го шири својот бизнис со разумна и конзервативна кредитна политика и нашите акционери го ценат тоа. Од почетокот на 2016-та година вредноста на  акциите на банката порасна за скоро 600 денари и достигнаа вредност од скоро 2400 денари, што претставува раст од близу 300 проценти. Растот на акциите за последните 12 месеци е околу 24 отсто. Основните причини за тој раст се подобрената ефикасност на бизнис процесите и ефективното управување на ризиците, што ни дозволи и да го зголемиме капиталот преку реинвестирање на добивката.

Како ја оценувате вкупната економска состојба во Македонија? Вашите зголемени кредитни пласмани укажуваат на оптимизам.

Иако 2018-та година не е завршена, мислам дека македонскиотбанкарски пазар продолжува да се развива балансирано и стабилно, што е важно за економијата на државата. Активите на банките пораснаасоблизу 10 проценти на годишно ниво. Депозитите на граѓаните и фирмите се зголемија за вкупно 11 отсто. Макроекономските перспективи на Македонија изгледаат позитивни. Во соодветно добра економска средина, банкарскиот сектор би требало да ја задржи својата стабилност и да продолжи да се развива позитивно. Мислам дека реалната економија и банкарскиот сектор се заемно сврзани и балансот помеѓу нив е клучен за просперитет на домаќинствата и бизнисот.

Каде ја проектирате пазарната позиција на „УНИБанка“ за следниот период

Наша стратегија за 2019-та е да ги зајакнеме нашите пазарни позиции преку подобрување на квалитетот на понудените финансиски производи, особено во секторите домаќинства и малите и средни претпријатија. Ќе се погрижиме, преку максимално конкурентни и флексибилни услови за кредитите, депозитите и платежните услуги, да ја прошириме клиентската база и нашето портфолио. Ќе се погрижиме да бидеме иновативни, затоа што конкуренцијата се појавува и од нетрадиционални финансиски играчи, како и од фирми за брзи кредити и финтек платформи. УНИБанка инвестираше во информациони технологии и во подобрување на процесите за управување на ризик. Комбинацијата од тие две области ни помогна да ја подобриме брзината и квалитетот при услужување на клиентите. Во моментот ни се потребни помалку од 30 минути за да го процениме ризикот на нов клиент, да му подготвиме понуда согласно неговиот индивидуален профил и да му ги исплатиме парите на сметка.

Сакам да напоменам дека дигитализацијата на банките е важна тема во стратегијата на УНИБанка. Веруваме дека нашето решение за мобилно банкарство е едно од најсигурните и најлесни за користење на македонскиот пазар. За да платите по сметка не е неопходно да посетите наша експозитура - треба само да имате мобилен телефон со инсталиран УНИтокен, кој преку двостепена авторизација, ви дава сигурен, брз и лесен начин за плаќање.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра