13 Мај, 2024
0.0239

Грчките власти со план за нова даночна реформа

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Нова даночна реформа предлага грчкото Министерство за финансии, според која годишните доходи над 26 илјади евра ќе се оданочуваат со 45 проценти данок, јавуваат локалните медиуми.

Предлозите ќе бидат разгледани на средбата на претставници на трите партии што се во грчката коалициска Влада што ќе се одржи утре.

Претходно имаше предлог за данок од 45 проценти на доходите над 48 илјади евра.

Но, според новата скала, доходите на вработените и пензионерите до 18 илјади евра ќе се оданочуваат со 21 процент, доходите од 18 до 26 илјади евра со 26, а сите суми над 26 илјади евра ќе плаќаат данок од 45 проценти.

Во исто време се разгледува и зголемување на помошта за семејствата со три и повеќе деца, и намалување на помошта за семејствата со едно или две деца.

Грчките медиуми плановите на Владата ги нарекуваат „даночна бомба“, затоа што првично за доходите од 25 до 48 илјади евра се предвидуваше данок од 26 проценти, и соодветно на тоа повисок данок за доходите над 48 илјади евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!