29 Април, 2024
0.0245

„Гласот на Охридското Езеро“, храбра музичко-технолошка авантура која никого не остава рамнодушен!

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Уникатен сојуз на музиката, природата и технологијата

Охрид и Охридското Езеро биле инспирација за недоброј уметници низ историјата. Toa e можеби најстарото езеро на светот, балкански бисер  со непроценлива убавина и со фасцинантни карактеристики, што го вбројува во едно од 38-те места во светот под заштита на УНЕСКО. Со фантастична микро-клима која оневозможила да замрзне во леденото доба, езерото е дом на повеќе од 200 ендемски видови.

Да се застане на линијата на зачувување на оваа уникатна природна убавина, притоа ставајќи ја и технологијата во служба на возвишената цел, е голем и храбар предизвик за секој современ уметник. Токму овој предизвик безрезервно го прифати нашиот еминентен композиторЏијан Емин. Тој е дел од уникатниот музички проект „Гласот на езерото“којшто нè повикува преку  мобилните телефони и различните технолошки алатки да ја почувствуваме убавината на Охрид на сосема нов начин, со само едно кликнување на веб страницата http://glasotnaezeroto.mk/

Не верувам дека постои човек - музичар кај кого езерото не разбудило воздишки. Секој миг и поглед вперен кон езерото е огромна инспирација. Утрото со најубавиот мир, играта на водата со сончевите зраци преку целиот ден, неверојатните слики од зајдисонце, полната месечина над езерото, кајчето сред езеро,..би можел да набројувам уште многу ситуации кои ги доживеал секој што бил во Охрид. Охридското Езеро е магично место, извор на енергија”, изјави Џијан Емин.

http://glasotnaezeroto.mk/ епроект кој нуди уникатна можност да ги слушнеме звуците на Охридското Езеро, неговите шепотења, силата и нежноста, неговата утринска песна, пладневниот шум и ноќното магично бранување... Да го слушнеме езерото во раните утрински часови кога се обидува да ни пренесе чувство на оптимизам и мир, во пладнињата кога нѐ почестува со сиот свој интензитет и бескрај, а во квечерините ни овозможува да го слушнемеграциозното движење на јагулитеили блескавата крлушка на автентичната охридска пастрмка.

За музичкиот новинар и критичар Ненад Георгиевски, ова е инспиративен проект кој уште еднаш ја потврдува големата идеја на познатиот композитор Џон Кејџ дека сè околу нас е музика.  „Проектот ‘Гласот на езерото’ е одлична замисла што ги спојува модерните идеи дека всушност сè околу нас е музика, доколку имаме уво за тоа. Тоа е големата идеја на Кејџ. Нашиот Џијан Емин, како еминентен композитор кој е многу добро упатен во овие идеи за амбиенталната музика и звуци, во случајот со Охридското Езеро направил одличен спој и креирал своја музика. Несомнено тој испраќа и голема порака за спојувањето на технологијата и нејзината добра страна кога станува збор и за создавањето музика.“

Директорката на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ – Наташа Поповиќ, смета дека ова е уште еден уникатен начин со манифестацијата, која годинава се одржува под мотото „Звукот и боите на езерото“, да се упати силна порака и да се потенцира важноста од зачувување на македонскиот бисер.

 „Звукот на Охридското Езеро“ е одраз на креативен творечки дух, идеален спој на технологијата, музиката и природата, а воедно е и потврда дека здружени можеме да создадеме вистински вредности. Неповторлив и магичен проект, создаден во соработка со Македонски Телеком и со еден од пријателите на Охридско лето, композиторот Џијан Емин, со што на уникатен начин се потсетуваме на богатството што го имаме“, истакнува Поповиќ. 

Проектот „Гласот на Охридското Езеро“ е музичка авантура која никого не остава рамнодушен. Во неа секој посебно и на свој начин може да го доживее волшебниот глас на езерото. Како функционира? Се работи за сложен компјутерски алгоритам кој„се храни" со активни податоци и варијабли директно врзани со Охридското Езеро (временски услови, период од денот, длабочина, жив свет, надворешни фактори и друго). Потоа, алгоритaмотсето тоа го„преведува“ во звучни мостри креирани од Џијан Емин, со што на природниот спектакл за прв пат му е даден глас преку кој можеме да ги чуеме волшебните звуци на македонскиот природен бисер.

Колку оваа храбра музичка авантура иницирана од Македонски Телеком и реализирана преку најдобрата мрежа ќе придонесе за подигнување на свеста за зачувување на природата, силно поткрепена со можностите што ги пружа  технологијата, останува да покаже времето. Едно е повеќе од сигурно, овие аудио-визуелни записи ќе останат како трајно сведоштво за хуман и општествено одговорен проект на Македонски Телеком,која преку технологијата успеа да креира величествена и сосема оригинална музичка композиција во трајно наследство за идните генерации. 



Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг