02 Мај, 2024
0.0257

ГигаВајб со А1 Припејд! Нов месечен припејд пакет XXL преку Мојот А1

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

A1 Македонија воведува нова атрактивна понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија достапна преку апликацијата Мојот А1 со која добиваат можност за супер забава, многу гигабајти и уште поголема можност за споделување возбудливи доживувања и бескрајни разговори.

Со новиот месечен припејд XXL пакет, за само 299 денари, корисниците добиваат неограничено сурфање на социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok, X, Messenger, Snapchat и WhatsApp, неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи и 10GB мобилен интернет за опуштено сурфање цел месец,.

“Оваа најнова припејд понуда ја дизајниравме да обезбеди флексибилност за нашите корисници и да отвориме можност за избор на пакет што најмногу одговара на нивнитекомуникациски потреби во модерното и динамично време. Со оваа понуда корисниците добиваат можност за слободна комуникација со најблиските, за сурфање на омилените сајтови и социјални мрежи што претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон креирање иновативни продукти што носат многу повеќе вредност”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија.  

Пакетот XXL корисниците можат да го најдат преку апликацијата Мојот А1 во менито за Пакети, во делот Актуелни понуди. По активацијата, пакетот може да се користи откако корисникот ќе добие SMS-порака дека пакетот е активиран.

По истекот на валидноста, активираниот пакет автоматски се обновува по цена од 499 денари месечно, доколку корисникот има доволно кредит на припејд сметката.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година