03 Мај, 2024
0.0307

(ГАЛЕРИЈА) Анталија – најголемиот бисер на турската ривиера

Објавено во: Стил 11 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Фактор беше ексклузивен гостин на ТА Фибула Травел во запознавањето со најлуксузните хотели во Кемер, Анталија, Аланија , Белек.

Чартер летови  за Анталија има секој понеделник и петок, а пакет аранжмани има за 7,10,11 и 14 ноќевања. Со платен авио билет се добива гратис сместување во хотел со 3*** All Inclusive за само 240 евра. 2 деца бесплатно во авион и хотелско сместување.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/07/reportazha-od-turtsija-zemjata-na-sontseto-plazhite-i-luksuznite-hoteli/" target="blank" ]Репортажа од Турција: Земјата на сонцето, плажите и луксузните хотели[/button]

Анталија (Antalya) - бисер на турската ривиера, еден од најважните центри во регионот и рај за туристите. Градот е опкружен со високи планини и медитеранско крајбрежје. Областа е исполнета со бројни археолошки и историски објекти кои нудат големи можности за пешачење од секаков вид.

1-112

Туризмот е главната работа во економијата на Анталија и регионот. Меѓународниот аеродром на туристичкиот град е една од портите на Турција за развој на меѓународниот туризам.

1 2 3 4

Она што ја прави Анталија толку величествена е градот сокриен под прекрасните плажи со големиот број на високо луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате.

Аntaliya

На брегот на Анталија има безброј плажи што ќе ги задоволат и најголемите барања.

Оние кои сакаат да го вкусат традиционалниот одмор на плажа, можат да се оддадат на културен туризам со екскурзии до остатоците од античките градови и другите убави места во регионот.

800px-Antalya_Konyaalti_street

Денес Анталија е мешавина помеѓу модерна метропола и старомодно мало гратче. Тоа е оаза со мали џамии и реставрирани дрвени отомански куќички. Пристаништето Анталија е прекрасно место за одмор и релаксација, можете да уживате во прекрасната глетка и чамци во некоја од многуте пријатни кафиња и барови.

800px-Antalya_-_Hidirlik_Tower

Анталија со право го носи називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат.

1024px-Antalya_-_Hadrians_Gate Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва.

Тука сеуште можат да се видат траги од византиската, римската и селџучката архитектура.

Храна

DSC_0124

Турската кујна е мешавина од обична храна, византиски луксуз и свежи сурови состојки, затоа неслучајно се смета за една од најдобрите во светот. Како за почеток на вечера се служи ракија и мезе. Потоа секогаш има ќебапи или ќофтиња. Најпопуларната супа е телешка шкембе чорба. Морската храна е исто така доста распространета.

Најголеми шопинг центри

Анталија е и центар шопинг па секако треба да посетите и некои од големите и модерни шопинг центри, од кои секако најпопуларен е Мигрос Шопинг Центарот.

csm_TerraCity_Antalya_Innenansicht_Highlight_1_89befc658a

Турција има и традиции во производството на теписи и таписерии. Цената им се утврдува од густината на плетката - колку повеќе густа, толку по скапа. Теписите од свила се поскапи од памучните.

Во регионот Досемеалти (Dösemealti), на околу 23 километри северно од Анталија, се произведуваат најразлични теписи.

Продавниците на најскапите брендови во Анталија се наоѓаат по улица „Konyaalti Cad“. Обично облека се продава на улиците Ататурк (Atatürk Cad) и Исиклар (Isiklar Cad). Во стариот кварт Калеичи (Kaleiçi) ќе најдете сувенири, кожа и теписи.

Барови и Ноќен живот

Лесно може да се најдат ноќни клубови со забава, особено во луксузните хотели.

DSC_0196

Во повеќето случаи се добредојдени и луѓе кои не се сместени во хотелот. Многу од баровите во Анталија се и дискотеки. Не е проблем ако забавата трае сè до утрото. Баровите во поголемите хотели се добар почеток на вечерта.

Важни информации: Валута: Турска лира, цените во повеќето случаи се изразени во евра, поради туристите

Работното време на продавници и установи: Обично банките се отворени меѓу 08.30 часот и 12.00 часот. Во туристичките области на градот се отворени и од 13.30 часот до 17.00 часот. Постојат многу банкомати. Со некои мали исклучоци, работното време на продавниците е од понеделник до сабота од 09.30 - 13.00 часот и 14.00 - 19.00 часот.

Погледнете ја галеријата и уживајте во убавините:

7 8 (2) 8 9 10 11 12 13