19 Мај, 2024
0.0268

Фотогалерија: Се отвори Сити мол, граѓаните примерно на шопинг, има попусти

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска почна со работа најголемиот шопинг центар во градот, познатиот Скопје Сити мол. Дел од граѓаните чекаа на отворањето, па уште денеска побрзаа да ги посетат некои од омилените продавници. Сепак нема турканици, туку е запазен редот кој го организира менаџментот на шопинг центарот во соработка со СВР Скопје. 


Од компанијата за Фактор велат дека се придружуваат на мерките и препораките. Пред да биде отворен била направена целосна дезинфекција на центарот, на вентилацијата, на банкоматите, однсоно се што има во молот. Тоалетите се реновирани, а набавени се и диспанзери, плус средства за дезинфекција.


„Направивме целосна дезинфекција, но тоа се прави и по неколку пати во денот. Се дезинфицираат кваките, оградите, тоалетите, системот за вентилација. Дополнително согласно препораките, има дезинфекција и посебни правила во секој дуќан. Во тоалетите кои се реновирани работи секоја втора чешма заради потребата од безбедно растојание. Секој кој доаѓа и влегува во Скопје Сити мол треба да носи маска, односно заштитна опрема. Првите два дена за тие кои немаат маска им ја обезбедуваме ние. Низ целиот трговски центар има обележани насоки за еднонасочно движење и јас апелирам да се почитуваат, вели Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити мол.


Корубин за Фактор вели дека и вработените во продавниците ги почитуваат сите правила и носат маски. 


Одделот за храна работи само за носење. 


Во дел од продавниците има попусти и акции. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа