ФОРБС ОБЈАВИ: Кој е најбогатиот Американец?
Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2017
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс ја предводи листата на списанието „Форбс“ за најбогат жител на САД.
Неговото богатство „тежи“ 88,9 милијарди долари, што го прави Гејтс и најбогат човек на планетата. Тој е најбогат човек на државата Вашингтон, доколку листата ги вклучува богаташите на одделните држави.
Основачот на интернет компанијата Амазон, Џеф Безос, кој живее во истата држава, е зад него со богатство вредно 83,3 милијарди долари.
Во Небраска најбогат е инвеститорот Ворен Бафет кој има богатство од 76,2 милијарди долари.
Најбогатиот жител на Калифорнија е основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг со 62,4 милијарди долари. 33-годишниот претприемач ја предводи и листата за најбогати млади бизнисмени на САД.
Најбогат жител на државата Њујорк е поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг (50,7 милијарди долари), а во Арканзас е Џим Волтон (38,5 милијарди долари). Тој е син на Сем Волтон, основачот на компанијата Walmart, кој ја поседува најголемата во светот мрежа за трговија на големо и мало.