19 Мај, 2024
0.0257

ФИЈАСКО НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ЕКОНОМИЈА: Пад до 80 отсто

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Бројот на меѓународни туристички пристигнувања оваа година се очекува да падне меѓу 60 до 80 отсто, објави Светската туристичка организација (СТО).  Британски Гардијан пренесува дека ограничувањата на патувањата и затворањето на аеродромите како мерки за сузбивање на пандемијата на Ковид-19, го доведоа туризмот во најтешка криза од 1950 година, откако почнала да се води ваква евиденција.

Во соопштението на СТО со седиште во Мадрид се наведува дека меѓународните пристигнувања на туристите опаднале за 22 отсто во првите три месеци од 2020, а само во март дури за 57 проценти, при што најголем пад регистрирале Азија и Европа.

-Светот се соочува со невидена здравствена и економска криза. Турузмот е меѓу најтешко погодените, а илиони работни места се во ризик во еден од најинтензивните економски сектори., вели генералниот секретар на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвили.

Најтешки последици, откако избувна пандемијата од крајот на 2019 година во Кина, претрпеа авиокомпаниите, зошто сите летови практично ги запреа, но огромни штети имаат и хотелиерите, организаторите на крстарењата и туристичките оператори.

СТО оценува дека размерите на падот на меѓународниот туризам ќе зависи од времетраењето на ограничувањата на патувањата и затворањето на границите. Спред најдоброто сценарио, доколку рестрикциите на патувањата почнат да се ублажуваат во почетокот на јули, меѓународните туристички пристигнувања би можеле да паднат само за 58 отсто, но ако мерките се укинат дури во почетокот на декември, падот ќе биде поголем од 78 проценти. 


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа