14 Мај, 2024
0.0283

Фармацевската комора бара намалените цени на лековите да важат од ноември

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Да ја одложи најавената имплементација на пониските единствени цени на лековите и, наместо од  15.10.2012, за кога е најавено, новите единствени цени да почнат да се применуваат од  1.11.2012  година, побара денеска од министерот за здравство Фармацевтската комора. - Постојат повеќе причини заради кои го упатуваме ова барање, а целта е обезбедување квалитетна имплементација на истите без да се предизвика вештачка дефицитарност од технички причини и нормално снабдување на пациентите со лекови, без застој, објасниваат од Фармацевтската комора. Тие потенцираат дека пресметувањето на ДДВ се врши  од 1 секој месец, и примената на новите цени од 15-ти во месецот, според искуството од март, годинава би било технички тешко изводливо, а проблем ќе има и со софтверското решение во однос на фактурите кои ги доставуваат до Фондот за здравствствено осигурување. - Согласно договорите со ФЗОМ,  аптеката еднаш месечно доставува фактура во периодот од 1 до 10 за целиот претходен месец. Софтверското решение е приспособено согласно Договорот со Фондот  и промената на цените во средината на месецот бара временски период за негово усогласување, овие проблеми не би се јавиле доколку примената почнува од 1. во месецот. Со промената на цените ќе се појават и залихи на лекови по стара цена, чие нивелирање исто така бара соодветно упатство и период за прилагодување, изјавуваатод Комората. Сепак од  комората, потенцираат дека го поддржуваат намалувањето на цените на лековите и сметаат дека со новата методологија на пресметување на единствените цени и натаму ќе се намалуваат цените, со што пациентите од сите категории ќе имаат подобар финансиски достап до потребната терапија.  

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри