17 Мај, 2024
0.0286

ФАКТОР НАЈАВУВА: Мега интервју со највлијателниот банкар во земјава, Хари Костов

Објавено во: Финансии 12 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ако се сочува стабилноста на банките, тие, заедно со државата, ќе ја консолидираат здравствено-економската криза. Идеите да се конфискува, одземе дел од имотот на банките, односно на граѓаните, компаниите и акционерите, можат да нанесат големи штети со самото нивно популистичко пласирање во јавноста. Ова, во ексклузиво интервју за Фактор, многу детално и прецизно за јавноста, го објаснува Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка. 

Првиот човек на најмоќната банка во земјава, Костов, македонската јавност го памети и како поранешен премиер, заменик министер за финансии, но и помошен извршен директор во Светска банка. За него банкарството, сепак, беше и остана главна и најзначајна професионална преокупација.

Речиси пет години, еден од највлијателните банкари, Костов немаше излезено во јавноста со свое видување за состојбата во банкарскиот сектор, во економијата, во политиката, иако тоа беше барано од многу медиуми. 

Сега Костов, во мега интервју за Фактор, ги открива своите бројни аргументи зошто банките, нивната стабилност и добра кондиција, се и ќе бидат најголеми гаранти за финансиската стабилност, и големи подржувачи на стопанството и населението да ги надминат сегашниве кризни состојби, и на развојот на земјата, и по корона кризата. 

Штедните влогови на граѓаните и на компаниите, нивната сопственост и имот се сигурни и безбедни, дециден е првиот човек на најголемата банка во земјава. Во интервјуто за Фактор, Костов прецизно објаснува зошто банките во овој период на одложување на кредитните обврски на клиентите не можат да се откажат од пресметување на каматата. За обвинувањата врз банкарите дека се лихвари, овој банкар како контрааргумент наведува бројни компании во земјава кои имаат и поголеми профити, и поголеми профитни маргини, но никогаш не доживуваат такви напади како што тоа се случува со банкарскиот сектор. Со Костов разговаравме и за прогнозите за тоа колку силно корона кризата ќе удри врз светските, но и врз нашата економија, за владините економски мерки, за одлуката банките да поделат дивиденди од добивката остварена во минатата година...

Фактор најавува дека утре наутро за нашите читатели интервјуто со Хари Костов ќе го објавиме во целост.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра