03 Мај, 2024
0.0241

„Facebook“ планира до 2018 година да користи 50% обновлива енергија

Објавено во: Стил 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

За време на прогласувањето на новиот центар за податоци во Форт Ворт, кој ќе проработи до крајот на следната година, „Facebook“ соопштија дека имаат за цел до 2018 година половина енергија за дата центрите на компанијата да доаѓа од обновливи извори.

Ова е следниот чекор откако нивните планови беа до крајот на оваа година овој процент да е 25. Новиот дата центар користи целосно енергија од ветер, а во целина долгорочната цел на социјалната мрежа е во даден момент да користи целоснa енергија од чисти извори.

Компанијата дури соработува и со „Greenpeace“, за да обезбеди соодветно и ефикасно користење на енергетските извори.