19 Мај, 2024
0.0250

Excellence in Retail – нова тренинг програма која ви ги открива тајните на работењето во малопродажба

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Дали знаете дека трговците кои нудат одлично корисничко искуство имаат 3 пати повеќе заработка од останатите, а дури 50% од купувачите очекуваат персонализирани понуди и реклами?

Со програмата Еxcellence in Retail имате можност да стекнете знаење кои ќе го примените во секојдневното работење во малопродажба за подобри резултати. Обуката која М6 Едукативен центар ја подготви во соработка со експерти во малопродажбата се состои од 5 модули во кои се покриваат теми како техники за продажба, мерење на резултати, формирање и работа со продажни тимови, маркетинг и мерчандајзинг, управување со залихи, транспорт и логистика, како и е-трговија и употреба на вештачка интелегенција во малопродажбата. Секој модул освен теорија се состои и од голем број на практични примери, студии на случај и посета на локации за што повеќе да го доближи до учесниците

Оваа тренинг програма е одличен начин сите оние кои веќе работат во малопродажба и трговија да стекнат дополнително и целосно знаење за сите аспекти од оваа индустрија, со што ќе можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот и да напредуваат во својата кариера. Предавачите кои се избрани да го пренесат своето знаење и искуство се експерти во својата област и професионалци со долгогодишно и разновидно искуство. Освен нив, за време на обуката ќе се вклучат и уште неколку реномирани имиња од земјата и странство кои ќе дадат дополнителен печат во целокупното искуство на учесниците.

Првата група од оваа обука веќе се пополнува, а планираниот почеток е во втората половина на април 2024 година. Сите детали за темите кои се обработуваат, предавачите, како и времетраењето на тренинг програмата се достапни тука.

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.

М6 Едукативниот центар постои повеќе од 17 години и со своето широко портфолио на обуки со домашни и странски предавачи, секогаш нуди уникатен пристап каде квалитетот е доминантен елемент, а главната цел е професионалниот и личниот развој на секој учесник. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата