26 Април, 2024
0.0313

Европратеници со писмо до Груевски: Бараат да го запре Чилиманов и „операцијата Стоп Сорос“

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска група европратеници упатија писмо до екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Во писмото, европратениците од редовите на Европската народна партија реагираат на влијаењето на организацијата „Стоп Операција Сорос“.

Во прилог ви го пренесуваме во целост погореспомнатото писмо:

Почитуван Г-дин Груевски,

Ние би сакале да го свртиме Вашето внимание кон еден инцидент, кој можеби изгледа ограничен во опфат, но кој праќа вознемирувачка порака за идната европска ориентација на Поранешната Југословенска Република Македонија и во круговите на најцврстите поддржувачи на евентуалниот пристап на земјата кон ЕУ.

Во петокот, 03.02.2017, организацијата „СОС – Стоп Операција за Сорос“  одржа прес-конференција на која ги нападна оние организации чиешто постоење го проценила за штетно по националниот интерес на Поранешната Југословенска Република Македонија. На наше големо изненадување, меѓу овие организации се нашла и ЏЕФ Македонија. Говорникот на прес-конференцијата, господинот Цветин Чилиманов, кој според она што го знаеме е уредник на државниот медиум „Македонска Информативна Агенција“, ја опиша ЏЕФ Македонија и општо европските федералисти како контроверзна организација, а нашите идеи ги претстави како „смртоносни и опасни“.

Сметаме дека е вредно да се напомене дека Младите европски федералисти (ЏЕФ Европа) и нивната национална секција ЏЕФ Македонија се не-партиски, плуралистички младински организации кои работат во насока на постигнување на слободна и обединета Европа, управувана според принципите на демократија и владеење на правото, стремејќи се да обезбеди мир, просперитет, безбедност и правда. ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија работат во насока на постигнување подлабока интеграција на Македонија во Европското семејство, кое што, се надеваме, ќе доведе до нејзино пристапување како држава-членка. ЏЕФ Европа е младинската организација на Унијата на Европски Федералисти (УЕФ), на која ние сме Претседател и Заменик Претседател.

Со оглед на близината на раководството на СОС со Владата на (поранешната Југословенска) Република Македонија и земајќи ги предвид другите неодамнешни изјави на политичарите од Владата во врска со т.н. „Десоросоизација“ на земјата, ние сме загрижени за активностите на нашите локални групи и ние сме дури и повеќе загрижени дека овие инциденти може да остават впечаток дека владата на (поранешната Југословенска) Република Македонија не ги дели вредностите на УЕФ и ЏЕФ. Сепак, ние имаме целосна доверба дека е во Ваша моќ да одговорите на овие напади врз Европски федералисти во Вашата земја, и Ве повикуваме да ги употребите инструментите кои Ви се на располагање за да ги зајакнете активностите на граѓанското општество во Македонија, а во знак на поддршка на нашите заеднички европски вредности и цели.

Ние, како и ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија, Ви стоиме на располагање доколку сакате овие работи да ги дискутирате понатаму во рамки на конструктивен дијалог.

Срдечно Ваши,

Елмар Брок

Претседател

Унија на Европски федералисти

Др. Андреј Ковачев

Заменик претседател

Унија на Европски федералисти

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?