ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?
Објавено во: Свет 07 Мај, 2024
Европјаните пијат помалку алкохол од порано. Во Европската Унија(ЕУ), вкупната потрошувачка на алкохол по лице на возраст од 15 и повеќе години е намалена за 2,9 литри во последните четири децении, oдносно од 12,7 литри во 1980 година на 9,8 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 23 проценти.
Потрошувачката на алкохол во Европскиот регион на Светската здравствена организација(СЗО), кој опфаќа 53 држави, вклучувајќи ја Русија и околните земји, се намали од 12 литри во 2000 година на 9,5 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 2,5 литри (21 процент). Сепак, европскиот регион на СЗО сè уште има највисоко ниво на консумирање алкохол по лице во светот.
Секоја година, секој човек на возраст од 15 и повеќе години во европскиот регион пие во просек по 9,5 литри чист алкохол. Ова е еквивалентно на 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри алкохолни пијалоци.
Во 2020 година, годишната потрошувачка на алкохол варира од 1,2 литри во Турција до 12,1 литри во Латвија меѓу 36 европски држави, вклучувајќи ги ЕУ, Велика Британија, Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и земјите кандидати за членство во ЕУ.
foto freepik.com/senivpetro