29 Април, 2024
0.0234

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ НАСЛЕДИ МИЛИОНИТЕ НА МЕТЈУ ПЕРИ: Тој беше еден од најбогатите актери, а целото богатство ќе оди кај овие луѓе

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber


Актерот Метју Пери почина ненадејно, а бидејќи немаше деца, сите се прашуваа каде ќе оди неговиот имот.

Целиот свет беше шокиран од веста дека актерот Метју Пери е пронајден мртов пред три дена во својот дом во Лос Анџелес во када со топла вода.

Него во несвест го пронашла неговата помошничка околу 16 часот, а од Итната помош можеле само да констатираат смрт.

Инаку, Пери беше еден од најплатените актери во Холивуд и зад себе остави милионско богатство.

Метју Пери добил по 800 илјади долари за секоја епизода во 7-мата и 8-та сезона на „Пријатели“, и до милион долари за секоја епизода во 9-та и 10-тата сезона. Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари, пишува „Story.hr“.

Според странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари. Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.

Со оглед на тоа дека Метју Пери немал деца и не бил оженет, целото богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.

ФОТО:МИА

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти