19 Мај, 2024
0.0332

„Тера“ ли Еуромакс Рисорсис без концесија: Бара работници за „Иловица-Штука“ на оглас

Објавено во: Економија 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Инвеститорот „Еуромакс Рисорсис“ објави дека бара работници од 20-тина професионални профили за рударскиот комплекс "Иловица-Штука". Од една страна компанијата верува во својата инвестиција од 343 милиони евра, која би донела дополнителен раст на македонскиот БДП од 3 отсто, даноци од 24 милиони евра и 3 милиони евра од концесијата за локалните општински буцети. Од друга страна, Владата во декември еднострано го раскина договорот со концесионерот по реакциите на локалното население.

Компанијата на својто профил на социјалните мрежи нуди директни вработувања за рударски инженери, машински и електро инженери, металурзи и геолози, геодети и техничари. Се бараат и економисти и правници во администрацијата, оператори на машини (камиони, багери, дупчалки итн.), таботници за одржување (монтери, механичари, електричари, заварувачи), хемичари, сметководители, човечки ресурси и нформатичка технологија Рудникот вели дека има потреба и од магационери и чувари, одржувачи на хигиена, возачи, доктор и медицински персонал како и стручни лица за животна средина и социјални аспекти итн.

Канаѓаните велат дека во интензивна изградба на рударскиот комплекс ќе бидат отворени 1000 директни работни места, а кога рудникот ќе започне со редовно-оперативно работење предвидени се повеќе од 500 постојани работни позиции за различни професионални профили.Тврдат дека тоа ќе повлече околу 2700 индиректни работни места кај локалните кооперанти и заживување на регионот. Компанијата и натаму е категорична дека нема да користи цијанид во рудникот и дека таквата намера е отстранета од проектот по загриженоста на локалното население. 

Владата на седница на крајот од минатата година донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на рудникот за бакар и злато на локалитетот „село Иловица”, во општина Босилово поради немање поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини. 

„Еуромакс Рисорсис“ во тој период му порача на тогашниот премиер Зоран Заев да не ги носи одлуките без да ја почека одлуката на Управен суд, преку кој инвеститорот ја бара правдата. Зелената партија ДОМ денеска објави дека е загрижена по информациите дека  Управниот суд донел пресуда во полза на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ на 31 март оваа година, со која што се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на рудникот Иловица.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа