26 Април, 2024
0.0305

EУ НОСИ БУРА: Италија на удар

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската комисија ја извести италијанската влада дека би можела да биде казнета затоа што не е намалено нивото на долг на земјата.

Во извештајот за италијанскиот долг, Европската комисија го повикала Рим да презеде дополнителни мерки за намалување на трошоците во износ од 0,2 годишен бруто општествен производ.

Барањето на комисијата веројатно нема добро да биде примено во италијанската влада на левиот центар која е соочена со можни избори оваа или следната година.

„Комисијата не се обидува да предизвика бури, таа се обидува бродот безбедно да го закотви во пристаништето“, рекол комесарот на ЕУ за економија и финансии Пијер Московиски.

После избивањето на европската должничка криза од членките на ЕУ е побарано да постигнат одредени цели како би се избегнала нова ескалација на кризата. Се очекува оваа година италијанскиот долг да достигне рекордни 133,3 одтсо од БДП, после минатогодишните 132,8 отсто, а би требало да биде помал отколку во 2016.

Московиски рекол дека потенцијални мерки против Италија, кои би можеле да значат и голема казна, ќе зависат од новите економски прогнози на Европската комисија и нови статистички податоци.

Италија има рок до април да воведе „дополнителни структурни мерки“ се наведува во извештајот на Комисијата.

Во низата пораки на Твитер, италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоа наведува дека е јасно дека извештајот на Европската комисија ги почитува реформите во Италија, но додал и дека ќе мора да направи повеќе.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра