17 Мај, 2024
0.0274

ЕУ ги засилува санкциите кон Иран и Сирија

Објавено во: Свет, Финансии 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

За време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Луксембург беше донесено решение за зајакнување на санкциите против Иран и Сирија, сопшти службата за односи со јавност на ЕУ. Земјите од ЕУ ќе треба да се усогласат при зајакнувањето на мерките во областа на финансиите, транспортниот сектор и енергетиката. Во текот на летото ЕУ забрани увоз на нафта од Иран, а сега доаѓа редот и на природниот гас. Причина за оваа забрана беа претпоставките дека режимот на Ахмадинеџад ги користи средствата од извозот на енергетските производи за финансирање на својата нуклеарна програма. Техеран упорно тврди дека програмата е наменета за мирољубиви цели, но стравувањата на западните држави се дека Иран се подготвува да направи нуклеарна бомба, а со тоа и да предизвика дополнителни превирања во регионот. Министрите воведоа дополнителни санкции и во делот на финансиските трансакции и врските на ЕУ со централната банка на Иран. Забранет е и извозот на графит, метали, софтвер потребен за индустријата, но и делови за бродската индустрија од ЕУ кон Иран. Се воведува и специјален режим за европските компании кои работат со Иран. Тие ќе треба да ги информираат своите влади за планиран извоз и финансиски трансфер кон Техеран. Дозволен ќе биде извозот на хуманитарна помош, храна и лекови. Со посебен документ, министрите за надворешни работи го осудија насилството во Сирија. „Употребата на сила на сирискиот режим е без преседан - против граѓаните се користи оружје и бомбардирање од воздух", уште се вели во документот.  Од ЕУ повикуваат на заштита на населението, а особено малцинствата и верските заедници, кои се меѓу најголемите жртви на граѓанската војна во земјата.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра