27 Април, 2024
0.0301

Електро дистрибуција со нови инвестиции во штипскиот регион - силна поддршка за производителите на обновлива енергија

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Со инвестицијата вредна 2 милиони евра целосно е реконструирана високонапонската трафостаница Штип 1 (ТС 110/35/10 kV) и успешно е пуштена во употреба во електродистрибутивната мрежа. Со ова, покрај зголемување на сигурноста на снабдувањето со електрична енергија, овозможено е и приклучување нови потрошувачи и производители на обновлива енергија во штипскиот регион.

„Забрзаната динамика на изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија во околината на Штип е една од главните причини за оваа обемна инвестиција во електродистрибутивната мрежа. Наша цел е да овозможиме сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија на корисниците, но и да го поддржиме и поттикнеме локалниот економски развој и производството на зелена енергија“ изјави Сашо Салтировски, извршен менаџер на Електродистрибуција.

„Инвестициската активност на Електродистрибуција е во план да се интензивира во текот на 2024 година и да достигне 74 милиони евра. Секогаш имајќи ги предвид потребите на корисниците, планирани се низа проекти за зголемување на квалитетот на напојувањето, но и дигитализација на услугите и модернизација на електродистрибутивната мрежа“ изјави Матијас Шаибелрајтер, извршен менаџер на Електродистрибуција.


Надградбата на трафостаницата Штип 1 подразбираше реконструкција на постојната 10(20) kV постројка со проширување и ставање во функција на нови 10(20) kV ќелии со нова примарна и секундарна опрема, релејна заштита и далечинско управување на истите, реконструкција на 35 kV трафо ќелии и дел од 35 kV изводни ќелии и замена на постојните со нови примарни врски до енергетските трансформатори. Заменет е и едниот трансформатор со нов при што е инсталирана и нова релејна заштита за енергетските трансформатори 110/35/10 kV ЕТР1 и ЕТР 2 со автоматска регулација на напон и активирање на терцијалната намотка и на вториот енергетски трансформатор.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг