18 Мај, 2024
0.0295

Ексклузивно: Како треба да изгледа аеродромот на вода во Охрид!

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Фактор ексклузивно објавува детаљи околу изградбата на новиот аеродром на вода во Охридското Езеро.  Според проекциите, минималната широчина на каналот кој ги поврзува пловниот канал за слетување и полетување со пристаништето треба да изнесува 45 метри, а широчината на неговата основна патека треба да изнесува 75 метри. Катерина Попоска Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески е решен во намерата во Охрид да никне нов аеродром, но овој пат на вода. На големо “се чистат“ сите административни бариери. Се носат сите подзаконски акти за да може да се реализира проектот кој од неодамна си го зацрта Владата. Министерството веќе и на хартија ги прецизира детаљите за проектот, дополнувајќи го текстот на Правилникот за посебните услови за планирање, проектирање, изградба и реконструкција на аеродром. Според измените и дополнувањата “минималната должина на пловниот канал за слетување и полетување на хидроавиони треба да изнесува 1.500 метри, минималната широчина 150 метри, додека минималната длабочина и најголемата дозволена висина на бранови за пловниот канал за слетување и полетување на хидроавиони, се одредени со техничките карактеристики на хидроавионот за кој аеродромот на вода е проектиран. Минималната широчина на основната патека за пловниот канал треба да изнесува 300 метри, а должината треба да е за 150 метри поголема од должината на пловниот канал сметано од двата негови краја. Минималната широчина на каналот кој ги поврзува пловниот канал за слетување и полетување со пристаништето треба да изнесува 45 метри, а широчината на неговата основна патека треба да изнесува 75 метри“, пишува во новиот Правилник до кој дојде Фактор. Овој документ наложува и на аеродромот на вода да се обезбеди површина за пристанување и закотвување наменета за прифат и отпрема на хидроавиони, патници, багаж и стока како и за паркирање и одржување на авионите на вода. Површината треба да биде доволна за безбедно пристанување и закотвување на потребниот број на хидроавиони, за да се обезбеди сигурно растојание од најмалку 7,5 метри помеѓу хидроавионите и сите други објекти, пишува во новиот Правилник. Министерството за транспорт и врски веќе објави меѓународен повик со кој ги анимираше потенцијалните инвеститори кои би ги вложиле своите пари во  изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро. Владата се уште не прецизирала дали ќе бара концесионер за проектот или хидраеродромот ќе се реализира преку јавно - приватно партнерство, со што партнерот ќе биде одговорен за имплементација и реализација на проектот. Реализацијата на целиот проект вклучува финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода. Повеќе ПРОТИВ одошто ЗА за проектот?! На последната седница на Советот на општина Охрид, доминираа аргументите против изградба на аеродром на вода во Охрид, одошто оние за да се реализира проектот. Охридскиот градоначалник Александар Петрески не гледа оправданост да се гради нов аеродром на Охридското Езеро во услови кога  Охрид има функционален аеродром. Ваквиот став го темелеше на тврдењето дека Охридското Езеро е со мала површина и е светско природно богатство заштитено од УНЕСКО. Како што пренесуваат медиумите, советникот од ВМРО-ДПМНЕ и македонски претставник во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро пак, Дејан Пановски, исто така бил категорично против изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро. “Хидро-аеродромски зафати на Охридското Езеро не му се потребни, поради постоењето ризик од евентуални хаварии што би довеле до загадувања, ниту пак има реална економска или туристичка оправданост од тоа“, изјави Пановски. Изградбата на хидроаеродром од Министрството за транспорт и врски ја праваат со можното зголемување на бројот на туристи и афирмацијата на Охрид како туристичка дестинација.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“