ЕКОНОМИСТОТ ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ОСТАНУВА ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА НЛБ - доби нов четиригодишен мандат
Објавено во: Финансии 14 Март, 2024
Економистот Зоран Јовановски добива нов четиригодишен мандат како независен член во Надзорниот одбор на НЛБ Банка.
Тоа го објави банката до инвеститорската јавност преку Македонската берза.
Новиот мандат на Јовановски ќе почне од крајот на овој месец.
„Ве известуваме дека на ден 13.03.2024 година, од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Зоран Јовановски да биде ре-именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 години, почнувајќи од 31.03.2024 година“, се вели во објавата од банката до берзата.