19 Мај, 2024
0.0274

ЕКОНОМИЈАТА ВО ЕВРОПА ПРЕД ГОЛЕМА РЕЦЕСИЈА: БДП ќе падне за 7,7 проценти

Објавено во: Економија 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Пред историска рецесија е европската економија, посочува Европската Комисија. Ова е прво предвидување на Комисијата по воведувањето на мерките за спречување на ширењето на пандемијата на корона вирусот. Европската Комисија смета дека рецесијата ќе биде длабока и различна за поедини земји членки, а кога ќе почне закрепнувањето е сосема неизвесно.

Според проценките на Комисијара, до крајот на годинава, се очекува пад на БДП во еврозоната за 7,7 отсто, а дури во текот на следната, 2021 година ќе има зголемување за 6,3 отсто.

Според наводите на словенечката агенција СТА, пандемијата на коронавирусот е огромен шок за глобалната и европската економија, со многу сериозни социо-економски последици. Најголем пад на БДП се предвидува во неколку земји членки на Европската Унија: во Грција – 9,7 проценти, Италија – 9,5 проценти и Шпанија – 9,4 проценти. Најниско намалување ќе има во Луксембург – 5,4 проценти, Австрија – 5,5 проценти и Малта – 5,8 проценти.

-Економијата на Европската Унија годинава ќе доживее рецесија од историски размери“, рекоа претставниците на ЕК. Според нив, Европа го доживеала најлошиот економски шок од големата депресија. Закрепнувањето на секој член не зависи само од развојот на пандемијата, туку и од структурата на економијата и од можноста да одговорат на политиките за стабилизација. Со оглед на меѓузависноста на економиите во ЕУ, динамиката на закрепнување во одделни земји членки ќе влијае врз закрепнувањето на другите земји членки, наведува Европската Комисија во своите првични прогнози.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа