Едмонд Темелко по три мандати загуби во Пустец, Македонците во Албанија имаат нов градоначалник
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2019
Едмонд Темелко по три освоени мандати, повеќе нема да биде градоначалник на Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија, откако според резултатите од вчерашните локални избори се утврди дека најголем број на гласдови има Пали Колефски.
За одбележување е тоа што Колефски е член на владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама и освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите.
Темелко, инаку номиниран преку Македонска алијанса за европска интеграција која одлучи да настапува самостојно, забележа 859 гласови или 33,16 отсто.
За одбележување е тоа што поради неучество на опозицијата во Албанија имаше мошне слаба општа излезност од само 21,6 отсто.
Колефски (39) родум е од Пустец а живее во Корча, каде што е оженет и има две деца, а како дипломиран економист е вработен во Царинската испостава во Корча.
За тоа каков ќе биде соодносот на членови во новиот состав на Советот на општината ќе се знае денес.