ЕДИ РАМА: Сакаме да сме дел од ЕУ, која не е рај, туку среќен пекол
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2024
Албанија останува на патот кон Европската Унија(ЕУ).
На заедничката прес-конференција во Тирана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш повтори дека Албанија има аспирации за влез во ЕУ.
„Ние сакаме да влеземе во ЕУ, за Западен Балкан е единствената реалност. Ние сме внатре во ЕУ физички, но надвор сме политички, и затоа мораме целосно да се интегрираме, не сакаме да го видиме овој организам како експлодира, бидејќи ако тоа се случи- ќе останеме без иднина. ЕУ не е рај, но е среќен пекол. Ова е најважното нешто што треба да го разбереме. Да застанеме покрај Украина без да размислуваме што ќе добиеме, туку што можеме да дадеме“, рече Рама.
Украина е заинтересирана за заедничко производство на муниција со земјите од Југоисточна Европа.