30 Април, 2024
0.0268

ЕБОР: Невработеноста расте, ризиците од надвор се големи, но макроекономските показатели се стабилни!

Објавено во: Анализа 31 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Раздолжувањето кон стопанството и зголемените пензии се главна причина за раст на буџетските трошења – што резултираше со раст и на Јавниот Долг на Централната Влада. Ова го констатира најновиот Извештај на Европската Банка за Обнова и Развој во кој се посочува поради кумулираните долгови и неколкукратното зголемување на пензиите, Владата ги зголемила буџетските трошења во состојба на оптмистички, а нереализирани стапки на економски раст.

“Владата го одржува нивото на буџетскиот дефицит во рамките на зацртаните 2,5 проценти од БДП, но во 2012 та и 2013 та година, зацртаните нивоа се зголемени на 3,5 % од БДП, како резултат на растот кој беше помал од очекуваниот и на зголемените раходи. Порастот на потрошувачката е главно порзан со намалувањето на акумулираните долгови и зголемените пензии. Тоа доведе до мал пораст на државниот долг од 28 проценти од БДП во 2011 та година на 31 процент од БДП во 2012 та година. “ – пишува во Извештајот на ЕБОР.

Еве кои се клучните оценки и препораки :

МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ: Владата и Централната Банка успешно ја одржуваат макроекономската стабилност во последните неколку години. Споре ЕБОР, ниските фискални дефицити го одржуваат јавниот долг на умерено ниво. Сепак, Извештајот посочува дека во 2012 та и 2013 та година, Владата го зголеми зацртаното ниво на буџетски дефицит од 2,5 % на 3,5% од БДП, а како причина за тоа ги посочува зголемените буџетски трошења поради раздолжување по основ на кумулирани долгови и одлуката за раст на пензиите.

ФИНАНСИСКИ СЕКТОР: останува стабилен. Домашните банки, потпирајќи се на домашното депозитно портфолио, не биле изложени на надворешни кредитни притисоци. “ Сепак квалитетот на средствата и натаму претставува причина за загриженост поради фактот што бројот на нефункционални кредити од неодамна се повторно во пораст и до средината на 2012 та година достигна 10 % од вкупните кредити“ – посочува ЕБРД.

ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ : Во пoследните неколку години во земјата се спроведени бројни реформи со цел да се зајакне деловното опкружување. Како резултат на тоа, ЕБОР оценува дека регулаторниот и административниот товар на водење на бизнис е намален во значителна мерка.

“Сепак, охрабрувачките трендови во регулативата и подобрувањата на рејтинзите на Република Македонија во однос на овие показатели не се одразени во иста мера  во истражувањата за деловното опкружување.  Спред последното Истражување на Деловното опкружување и Работењето на претпријатијата, што го спроведе ЕБОР и Светска Банка спроведено во 2008 ма и 2009 та година, се чини дека слабото судство, корупцијата, ограничениот пристап до финансии и големиот неформален сектор, во голема мера ги попречуваат претпријатијата во нивното работење“ – стои во Извештајот.

ЖИВОТЕН СТАНДАРД : Во текот на изминатата деценија, приходите по глава на жител и животниот стандард се подобрени, иако со нешто побавна динамика во споредба со најголемиот број на земји од Југоисточна Европа, анализира Извештајот.

“Реалниот БДП по глава на жител се зголеми за 36,2% во декадата до 2011 та година, наспроти регионалниот просечен пораст од 55% “ – констатира ЕБРД.

Во исто време, анализата укажува дека порастот на приходите бил проследен со пораст на нееднаквоста. Ако во 1998 година, најбогатите 20% од населението располагаа со 40% од БДП, по една деценија, таа бројка пораснала на 50%. Во истиот период пак, делот од БДП кој им припаѓа на најсиромашните или тоа се 20% од населението падна од 6,5 на 5,1 %.

Како главен економски проблем што генерира сирошатија, ЕБРД ја посочува невработеноста.

ПРЕПОРАКИ И ОЧЕКУВАЊА: постојаната глобална несигурност и сомнежите во поглед на изгледите за заздравување на Еврозоната се присутни. За годинава, според прогнозите на ЕБОР растот би се искачил на 2 проценти.

“Во годините што следат економијата би можела да достигне стапки на раст од 3-4 проценти, дури и повеќе, под услов глобалните околности да се подобрат во значителна мера а властите во земјата да продолжат со структурни реформи и да спроведуваат разумна среднорочна Фискална Стратегија“ –  се оценува во Извештајот.

Сепак, ризици постојат пишува ЕБОР

“Значителни се ризиците од надолни трендови, секакво натамошно влошување на надворешните околности веројатно би се прелеле и во Република Македонија, главно преку трговските и инвестициските канали и би резултирале со стагнациски или дури и опаѓачки економски резултати.“ – се заклучува во делот од извештајот посветен на макроекономските состојби.

А.Д.