14 Мај, 2024
0.0240

Дваесет и шест идни офицери покрај обуката ќе земаат и просечна плата

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Дваесет и шест млади дипломирани граѓани денеска во Воената академија потпишаа договори за Стручно оспособување и усовршување, со што по шест месеци ќе се стекнат со офицерски чинови и ќе добијат постојано вработување во Армијата на Република Северна Македонија. Со одлука на Влада, наместо  3.500 како досега, месечниот надоместок за време на обуката ќе биде во висина на месечна просечна плата, односно околу 25.000 денари.

Министерката Шекеринска им честиташе на 26-мината граѓани, идни офицери и м порача дека Армијата има потреба од вакви експерти.

„Драго ми е што денеска им посакавме добредојде на 26 млади луѓе, во нашата Армија. Тоа се млади кои што завршиле цивилни факултети – електро инженери, машински инженери, хемичари, нутриционисти, сообраќајни, градежни инженери и лекари и кои што сега ќе почнат да ја градат својата кариера во Армијата“, рече министерката.

Шекеринска рече дека во периодот на обука платата на лицата на стручно оспособување и усовршување ќе биде околу 25.000 денари, а потоа со стекнувањето на чинот поручник, сметано со двете зголемувања на платите на припадниците на Армијата, минатата година и септември годинава, таа ќе изнесува над 30.000 денари.

Министерката посочи дека истата одредба важи и за кандидатите за пилоти, каде исто така е зголемен бројот на пријавени кандидати.

„Ги обучувате, очекувате да бидат квалитетни, многу стручни, многу подготвени, а од друга страна голем период ги оставате без сериозна надокнада. Ова го променивме со одлука на Влада и на ваков начин Армијата ќе може да регрутира и да обезбеди експерти кои и се неопходни во сите служби – логистичка, интендантска, сообраќајна, правна, финансиска служба. На тој начин им ги зголемивме и шансите на младите во нашата држава“, истакна министерката.

26-те млади граѓани на нашата татковина беа избрани по објавениот Конкурс од страна на Министерството за одбрана февруари годинава, а по стекнувањето со офицерски чин, ќе бидат распоредени во техничката, интендантската, сообраќајната, санитетската, логистичката и правната служба на Армијата.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН