ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена
Објавено во: Свет 09 Мај, 2024
Громови во Бангладеш усмртија најмалку 74 луѓе за нешто повеќе од еден месец.
Кабирул Башар, претседател на Форумот и професор на Универзитетот Јахангирнагар, изјави дека идентификувале две причини за зголемување на ударите на гром – зголеменото влијание на глобалното затоплување и сечата на дрвјата во руралните делови на Бангладеш, особено високите дрвја во полињата во Бангладеш.
Како што објавија Обединетите нации, во Бангладеш годишно во просек има 300 смртни случаи предизвикани од грмотевици.