03 Мај, 2024
0.0499

Дознајте повеќе информации за „Samsung Galaxy Note 5“ и „Galaxy S6 edge Plus“

Објавено во: Стил 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Од сајтот „SamMobile“ продолжуваат да споделуваат интересни детали околу идните планови на „Samsung“ и се чека уредите на Корејците да се појават во втората половина на годината - „Galaxy Note 5“ и „Galaxy S6 edge Plus“. Првата официјална премиера очекуваме да биде за време на саемот „IFA“ во септември, а втората може да се појави и порано.

Според информациите „Galaxy Note 5“ (SM-N920) и „Galaxy S6 edge Plus“ (SM-G928) ќе имаат 5.7 (5.67) „Super AMOLED“ дисплеј со резолуција 2560 x 1440 пиксели - во вториот случај станува збор за билатерален извиткан панел, слично на „Galaxy S6 edge“. По се изгледа дека телефоните нема да имаат слотови за дополнителна меморија и ќе се со вградени батерии - изворите на „SamMobile“ тврдат дека уредите ќе имаат стаклен заден панел.

Во карактеристиките на „Galaxy Note 5“ (Project Noble) најверојатно влегуваат чипсет „Exynos 7422“, кои за прв пат ќе се комбинираат во едно решение со 64-битен процесор, графички акцелератор, RAM меморија, вградена меморија и LTE модем. „Galaxy S6 edge Plus“ (Project Zen) за возврат ќе се награди на шестјадрен чипсет „Snapdragon 808“, 32GB внатрешна меморија, 16МР камера со оптичка стабилизација, 5МР предна камера и батерија со капацитет од 3000 mAh.