04 Мај, 2024
0.0266

Доларот зајакна петта недела по ред: Се смета дека каматните стапки ќе останат високи подолго од очекуваното

Објавено во: Економија 21 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми и минатата недела, петта недела по ред, бидејќи стана се појасно дека каматните стапки на американската централна банка ќе останат покачени подолго од очекуваното.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,1 отсто, на 106,12 поени и во еден момент достигна највисоки нивоа во последните пет месеци.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,1 отсто, па цената на еврото се искачи на 1,0655 долари.

Сепак, доларот зајакна во однос на јапонската валута, за 0,9 отсто, па неговиот курс достигна 154,65 јени и се движи околу највисокото ниво во последните 34 години.

Зајакнувањето на доларот се должи на оценката дека американската централна банка нема да започне со намалување на каматните стапки штом се очекуваше бидејќи економијата и пазарот на труд се сѐ уште силни, додека инфлацијата е покачена.

Пауел: Не е постигнат напредок во намалувањето на инфлацијата

Претседателот на ФЕД Џером Пауел минатата недела изјави дека не е постигнат напредок во намалувањето на инфлацијата оваа година и дека монетарната политика може да остане рестриктивна подолг период.

Затоа, пазарот на пари сега проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматните стапки на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.

Големо слабеење на јенот

Како резултат на тоа, минатата недела курсот на доларот во однос на јапонската валута достигна нови највисоки нивоа во последните 34 години, иако јапонските власти со недели предупредуваат дека би можеле да интервенираат на пазарот за да спречат натамошно слабеење на јенот.

Од друга страна, доларот благо ослабна во однос на еврото. Така, европската валута се стабилизира, откако пред една недела нејзиниот курс нагло падна бидејќи, според сите сметки, Европската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки пред ФЕД, имајќи предвид дека инфлацијата во еврозоната се движи на пониски нивоа, додека некои економии се од тој блок во рецесија.

Пазарот проценува дека процесот на олабавување на монетарната политика на ЕЦБ би можел да започне во јуни.


Фото: фрипик

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски