Додиќ со остар одговор кон Лондон: Тие држат лекции за отцепување, а ги имаат Шкотска и Ирска кои сакаат да излезат од Кралството! (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 12 Март, 2024
Ако некој има сецесионистички движења во својата земја, тогаш тоа е Велика Британија, која ги има многу, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
- И сега ни раскажуваат приказна од нивните стари царски времиња. Тоа време помина, но тие се уште не сфатиле - изјави Додик.
Претседателот на Српска изјави дека Британците на тој план ги имаат Шкотска, Ирска и секакви работи и посочи дека нема план за отцепување на Српска, но дека Британците се забавуваат околу тоа прашање, пренесе РТРС.
Комисијата за меѓународни односи и одбрана на Домот на лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство испрати писмо до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, во кое меѓу другото Џеси Бартон Хронешова од Лондонскиот колеџ наведува дека „преземени се чекори за правно отцепување на Српска“.
Фото: Принсткрин/Јутуб