30 Април, 2024
0.0295

Дневна анализа-можен пад на златото?!

Објавено во: Анализа 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за Злато. Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за овој инструмент.

Фундаментална Анализа за Злато:

По интензивнииот раст во текот вчерашниот ден цената на златото за време на азиското тргување дојде до мала корекција. Инвеститорите почнаа да ги затвораат профитабилните позиции кои доведоа до пад на цените на овој скапоцен метал. Загриженоста која се појави на пазарот по објавените полоши податоци од очекуваните од страна на производствениот сектор во Америка ја поттикна побарувачката за злато и исто така по слабите резултати повторно почна да се шпекулира дека Федералните резерви нема да ја намалат програмата за купување на обврзници. За време на азиската тргување цената на златото опадна на 0,36%.

Техничка Анализа за Злато:

На едночасовниот графикон,  MACD е во зоната на прекумерно купување, додека RSI има тренд на опаѓање. Цената ја проби средната Bollinger линија, така што можен е пад на цената. Нашата препорака би била продажна позиција.

Наше видување: Продажна позиција со влез на 1407.00, со прва цел на 1405.00 и втора цел на 1402.00.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1408.00, тогаш е можен понатамошен раст до 1411.00.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.