28 Април, 2024
0.0286

ДИОМИДИС НИКОЛЕТОПУЛОС: НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЌЕ ПОТТИКНЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ, еве какви се очекувањaтa на Генералниот директор на Стопанска банка

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Намалување на побарувачката на нови кредити и раст на предвремената отплата на кредитите се трендови кои се наметнаа по зголемувањето на референтните каматни стапки. Сепак, нема проблеми во исплатата и редовното сервисирање на обврските на клиентите кон банката. Ова го посочи Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје во интервју за „Eкономија и Бизнис“.

-  Факт е дека зголемените референтни каматни стапки придонесоа банките да покажат подобри резултати на краток рок. Исто така факт е дека поради зголемените каматни стапки забележавме намалена побарувачка за нови кредити и зголемување на предвремената отплата на кредитите. Меѓутоа, не се забележува значителен ефект врз способноста на клиентите редовно да ги сервисираат обврските.

Од друга страна, како што веќе може да се забележи значително намалување на инфлацијата, согласно претпоставки и анализи од повеќе извори, за очекување е во текот на 2024 година да почне постепено да се намалуваат и референтните каматни стапки. Иако голем дел од ризиците и неизвесностите остануваат, како глобално така и локално, се очекува намалувањето на каматните стапки да има позитивен ефект и да поттикне нови инвестиции кај граѓаните и бизнисите, а со тоа и зголемена побарувачка за кредити, наспроти значително помалата побарувачка со која се соочивме во 2023 година.

Неизбежното намалување на каматните стапки ќе има очигледни негативни и позитивни ефекти кај штедачите и кај корисниците на кредити соодветно. Затоа, и кај банките може да се очекува истото, со тоа што ќе се намали можноста за остварување на идни високи приходи од камати, меѓутоа од друга страна, ќе бидат подобрени финансиските резултати поради намалената потреба од резервации за покривање на ризиците кај кредитното портфолио – појасни Николетопулос.

Првиот човек на Стопанска банка Скопје потенцира дека изминатата 2023 година била особено успешна за Стопанска банка, која оствари историски највисока профитабилност со оперативна добивка (пред резервации и оданочување) од 83,5 милиони евра, што е најдобар резултат во банкарскиот сектор во Македонија.

-  Дополнително, во 2023 година Банката значително го подобри квалитетот на кредитното портфолио, алоцирајќи значаен дел од својата профитабилност во намалување на нефункционалните кредити, притоа значително подобрувајќи ја покриеноста на кредитните портфолија со резервации. Тоа резултираше со импресивна нето добивка од 56 милиони евра, за 47 отсто повисока во споредба со 2022 година.
Стопанска банка, исто така, бележи највисок раст на кредитирањето меѓу големите банки, зголемувајќи го портфолиото за 7,5 проценти на ниво од 1,5 милијарди евра (најголемо во земјава), а во паралела бележи и раст на депозитите за 6,4 отсто, зголемувајќи го нето-капиталот на 418 милиони евра – најсилен основен капитал во банкарскиот сектор, што останува во поддршка на амбициозните планови за раст и за профитабилност на банката во иднина – потенцираше Николетопулос за „Економија и Бизнис“.

Фактор неодамна објави дека иако Народна банка ја задржа основната камата на досегашното ниво од 6,3 проценти, од друга страна каматните стапки на деловните банки како да попуштаат, иако нивните каматни стапки се далеку од посакуваното ниво, барем за граѓаните и компаниите кои ги користат нивните кредити.

На крајот на декември минатата година вкупните кредити имале просечна каматна стапка од 5,47 отсто, речиси идентично колку во ноември, кога таа била 5,48 отсто, што воопшто не може ни да се смета за намалување.

Ако се направи споредба со почетокот на 2023 година, односно практично крајот на 2022 година, пак, каматните стапки тогаш биле значително пониски, односно тие на вкупните кредити изнесувале 4,44 отсто, или разликата е повеќе од цел еден процентен поен.

Тоа покажува колку минатата година беше во знакот на зголемување на каматните стапки, што, пак, беше неопходно поради високите инфлаторни притисоци.

Декември сепак донел мало олабавување кај граѓаните и фирмите, кога станува збор за новоодобрените кредити. Тоа значи дека тие што решиле да се задолжат кај домашните банки во декември, успеале да добијат колку толку пониска камата во однос на претходните месеци.

Па така, каматата на новоодобрените кредити во декември 2023 година изнесувала 5,21 отсто, што е намалување за скромни 0,17 отсто, но сепак е некаков сигнал дека банките ги олабавуваат каматните вентили.

Позначајно е намалувањето, пак, на овие камати во однос на декември лани, кога тие изнесувале 4,83 проценти.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување