19 Мај, 2024
0.0252

Димовски: Сопственото е најсигурно и носи поголем род

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Со продажбата на државното земјоделско земјиште ќе се раздвижи капиталот во земјава, а новиот закон ќе донесе зголемување на приносите и на вкупното производство. Ова е ставот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Димовски кој го изнесе пред агробизнисмените.

„Сопственото е најсигурно. Ако се вложи сопствен капитал, ќе се води сметка за целосна обработка на површините со користење современи агротехнички мерки и модерна механизација. Тоа значи зголемување на приносите и вкупното производство“, рече Димовски.

Цената на земјиштето ќе ја утврдува Бирото за судски вештачења по претходна проценка на стручни лица кои ќе дадат предлог за почетна цена.Со Предлог законот исто така се пропишува дека државното земјоделско земјиште не ќе може да се продава без согласност на концесионерот независно од периодот на закупот.

„Секој земјоделец ќе може да учествува на огласот доколку ги исполнува условите предвидени со законот. За поголемите површини ќе се бара, како досега, доставување бизнис план и број на лица кои е планирано да се вработат, како и банкарска гаранција како сигурност дека програмата ќе биде целосно реализирана“, објасни министерот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?