ДЕВОЈКА НА ИНСТАГРАМ СЕ ЗАКАНИЛА ДЕКА ЌЕ ПУКА ВО УЧИЛИШТЕ! Морничава објава на мрежите во Босна: Полицијата итно реагираше!
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2024
Припадниците на полицијата на кантонот Унско Сан идентификувале малолетно женско лице од областа Чазин, кое вчера на Инстаграм оставило порака дека ќе пука во нејзиното училиште, што предизвикало голема загриженост во јавноста.
Според Але Шиљдедиќ, портпаролот на МУП УСК, полицијата со помош на инспекторите на Федералната полициска управа и нивниот оддел за борба против компјутерскиот криминал веднаш презела активности за откривање на позадината и авторот на пораката, пренесуваат медиумите.
- Полицијата излегла на терен и дознала дека објавата на социјалната мрежа Инстаграм ја објавила малолетничка од областа Чазин. Во овој момент можам да потврдам дека не се работи за сериозни пораки, туку повеќе за непромисленоста на оваа личност која објави ваква порака на социјалните мрежи - потврди Шиљдедиќ.
Инаку, по познатиот случај во училиштето „Иван Рибникар“ во Белград, полицијата во оваа област презема исклучително сериозен пристап и истражува вакви и слични пораки и закани кои промовираат или поттикнуваат насилство во училишните објекти.
Фото: Принтскрин/Твитер