Дане Илиев: Мерцедесот не смее да се продава бидејќи е дел од судска истрага
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2018 15:46
Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев смета дека Владата не смее да го продава Мерцедецот бидејќи е дел од предмет на сторено кривично за коe се води истрага.
„Мерцедесот би требало со судската одлука привремено да биде одземен до крајот на завршување на постапката, а потоа Судот треба да одлучи што понатаму со возилото, дали ќе го довери на некој Орган или ќе го продава и итн. Продавањето на автомобилот визави истиот предмет не е допуштено. До правосилноста на пресудата Мерцедесот кое дел до истрага на СЈО е во надлежност на Судот и не може да се оттуѓува. Се чудам како никој во Владата не знае дека не може да се продава предмет (Мерцедесот) кој е дел истрага“- вели поранешениот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев.
Директорот на службата за општи и заеднички работи при Владата на Република, Пеце Мирчески денеска соопшти дека во Владата донеле одлука за продажба на патничко моторно возило Mercedes-benz S 600, сопственост на Службата.
Според него, целокупната постапка се води согласно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост. Врз основа на направената процена, од страна на Министерството за правда - Биро за судски вештачења – Скопје, проценетата вредност на возилото, што воедно ќе биде и почетна цена најавното наддавање, изнесува 14.372.208,00 денари.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




