26 Април, 2024
0.0398

Дали побогатите ќе плаќаат повисоки даноци во Македонија?

Објавено во: Финансии 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Можно ли е побогатите и тие со повисоки примања да плаќаат поголеми даноци во Македонија согласно прогресивните даночни политики кои подолго време ги најавуваше Зоран Заев?

Владата останува на позицијата дека треба да има промена во даночната политика за Македонија да стане праведно општество. Дебатата за реформите почна и ќе трае во текот на наредната година. Решението не треба да се донесе набрзина и затоа  даночната реформа ќе се спроведе од 2019 година, место од 2018 година, како што претходно беше најавено. Преку дебата треба да се дојде до најприфатливо решение,што ќе покаже кој треба да плати повеќе. Засега,според Владата, луксузот за кој треба да се плати повеќе е платата над 1.000 евра. Менаџерите не се согласуваат и порачуваат не го менувајте персоналниот данок, а ако веќе треба да се смени, според нив, она што е луксуз не е 1.000 евра.

- Нашите ставови за персоналниот данок на доход се искажани во владината програма и програмата на Коалицијата. Промени треба да има. На Македонија и треба праведно оданочување. Таа има една од највисоките стапки на нееднаквост на доходот во Европа. Тоа значи дека треба да правиме еден вид корекција со даноците, а во овој случај тоа е персоналниот данок на доходот, порачува министерот за финансии Драган Тевдовски.

Смета дека доколку сакаме Македонија да оди напред треба да има повеќе пари за да може да ги алоцира во образованието, во вработување, во истражување, а за сето тоа треба да се обезбедат буџетски приходи.

Македонија, заедно со Косово има најниски буџетски приходи од БДП и изнесуваат 29 проценти, а во развиените земји тие се меѓу 50 и 55 проценти и затоа според министерот има простор за промена.

- Генерално ние сакаме да создадеме правично општество и таа е нашата водилка. И тука верувам дека никој не може да се согласи дека не треба да бидеме солидарни. Дај боже сите да имаме големи приходи и преку тоа да плаќаме повеќе и да може да се подигне севкупниот квалитет на животот на посиромашните. Но, дилемата е да не ги уништиме тие што се покапацитетни да помагаат, па на крајот да нема и кој да помогне. И затоа е дебатата важна и вредна и тука треба да дебатираме во суштините на сите детали на аргументацијата на крајот да го донесеме најправичното решение, смета премиерот Зоран Заев, кој се вклучи во дебата за даночните реформи организирана од Асоцијатацијата на менаџери на Македонија.

Посочува дека Владата нема да брза додека не се истроши дебатата за ова прашање. Повеќе, истакнува, сме фокусирани како да го наплатиме тоа што е пресметано со денешните стапки каде што голема е даночната евазија.

– Проценка е дека во државата има 30 отсто даночна евазија на ДДВ, рече премиерот и додаде дека со новата реформа во УЈП се проценува дека до 40 отсто ќе се подобри наплатата на персоналниот данок на доход без да се зголеми стапката. Тоа е, појасни проценката што ја имаме на стартот. Значи нема воведување нови давачки, нови стапки, нема зафаќање на нов обем, туку самата реформа овозможува увид во сите приходи и со испорачување на даночната пријава од страна на УЈП ќе се има комплетна контрола врз персоналниот данок што ќе овозможи од 30 до 40 отсто повеќе наплата на персоналниот данок на дохдот од сегашните услови. Така што не знам дали 18 отсто ќе и донесат на државата такви приходи или не. Но наша цел е да го направиме поправично општеството и за тоа сакаме да дебатираме, истакнува премиерот.


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“