ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, не знае колку се вистинити гласините за можен бојкот во вториот круг од претседателските избори. Една од варијантите што се спомнува е бојкот – јавен или тивок – од партиите на Албанците со цел изборите да не успеат, а тие да наметнат избор на шеф на државата во Собранието.
Во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ1, таа рече оти тоа е еден од парадоксите на косоцијативната демократија.
„Пет мислења има на Венецијанска комисија и на ОБСЕ/ОДИХР дека во втор круг мора да се тргне цензусот, бидејќи е бесмислен. Кога двајца кандидати одат во втор круг – еден мора да биде избан. Ако во Франција, замислете во полупретседателски систем, тогаш за Македонија, особено. Значи, мора да ги тргнеме тие политички пазари, пазарна политика не е политика“, вели Силјановска-Давкова.
Таа смета дека критериуми, како двојни мнозинства, може да има во политиката, ама никако во судството, ниту во процеси во кои треба граѓанинот да гласа.