19 Мај, 2024
0.0262

Ципрас утре е пред пораз, иако реши две големи кризи

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тврди дека тој е одговорен за излез на Грција од финансиската криза, а беше и номиниран за Нобеловата награда за мир за решавање на долготрајниот спор за името со Македонија, но сепак веројатно е пред очекуван пораз на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат утре.

Анкетите предвидуваат сигурна победа за конзервативна опозициска партија Нова Демократија, која до минатата недела беше во постојано водството пред левичарската СИРИЗА на Ципрас од девет процентни поени, што одговара на резултатите од изборите за Европскиот парламент на 26 мај и локалните избори во јуни.

Поразот го присили Ципрас порано да ги иницира парламентарните избори кои инаку редовно требаа да се одржат не подоцна од октомври. Според најновите анкети, Нова Демократија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис ќе добијат 36 отсто од гласовите, а Сириза 27 отсто.

Ако предвидувањата во неделата се остварат, Нова Демократија ќе има апсолутно мнозинство од 155 до 164 пратеници од вкупно 300 во парламентот, во зависност од исходот на другите партии. Три помали партии треба да го преминат прагот од три отсто и да влезат во парламентот: левиот центар КИНАЛ, комунистите и екстремната десница Златна зора.

Зошто Грците го свртуваат грбот кон лидерот кој, барем гледајќи однадвор, решил две големи кризи?

Ова е причината зошто: строги мерки за штедење наметнати од страна на три меѓународни програми за спас помеѓу 2010 и август минатата година, од кои повеќето беа спроведени во текот на мандатот на Ципрас  од 2015 година, беа многу непопуларни и предизвикаа чести протести и штрајкови.

Иако Грција конечно се врати на финансиските пазари, каде што тие можат повторно да позајмуваат и економија да расте, голем дел од нејзините граѓани ги плаќаат долговите кон доверителите.

Номинација за Нобеловата награда

На премиерот нема да му помогне ниту номинацијата за Нобеловата награда за мир по склучувањето на Преспанскиот договор кој меѓународната заедница го поздрави како позитивна пресвртница во „експлозивниот“ Балкан, но тоа сепак не е популарно меѓу Грците, како и неговите финансиски реформи..

Ципрас беше номиниран за наградата заедно со неговиот македонски колега, Зоран Заев, со кого тој се согласи дека ПЈРМ ќе се вика Северна Македонија, со кој заврши 28-годишниот спор. Сепак, дури 70 отсто од Грците сметаат дека Преспанскиот договор е предавство.

Преродба и(или) ребрендирање

Киријакос Мицотакис, од друга страна, пак, ветува "преродба" на земјата, со серија на брзи реформи на образовниот систем, јавната администрација и судството и промени во пазарот на трудот за намалување на невработеноста, која во текот на кризата достигна рекордни броеви.

Рече дека неговата цел е да се спроведе "ребрендирање" на државата до 2021 година, кога се слави 200 години од формирањето на современата грчка Република.

Најави модерна, стабилна, извозно ориентирана економија, која беше во криза со години, и дека ќе се привлечат големи инвестиции.

Едноставно кажано, ветува дека ќе ја отстрани старата олигархија, која владее зад сцената и не е одговорна.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс